Заев испрати писмо со сочувство до Медведев за авионската несреќа во Москва

by fokus

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев испрати писмо со изрази на сочувство за загубените животи и повредените лица во трагичната авионска несреќа на аеродромот Шереметјево во Москва, до премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев.

-Со жалење ја примив веста за авионската несреќа. Од името на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до рускиот народ и до роднините и блиските на настраданите, и воедно на повредените им посакувам брзо заздравување, се вели во писмото на премиерот Заев до претседателот на Владата на Руската Федерација, Медведев. 

Поврзани новости