Владата продолжува со посветена работа и добри економски политики за подигнување на животниот стандард, инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на подобро објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
– Економијата бележи историски раст на бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал. Просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари, што е за 7 проценти, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година, наведува премиерот Заев во објавата.
Тој потенцира дека државата бележи историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 отсто со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината.
– Успешните економски политики даваат резултати, додава премиерот Заев во објавата на Фејсбук.