Заев: Имаме квалитетни кадровски решенија во сите ресори на новата влада

by fokus 13:20
13:20

Мандатарот за составување влада и претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средба со постојаниот претставник на Обединетите нации и претставник на УНДП за Македонија Луиза Винтон, на која како што информираат од партијата било разговарано за текот за формирање влада и евро-атлантскот процес на Македонија.

Како што соопшти СДСМ, Заев на средбата информирал за текот на преговорите за составување на новата влада и тоа дека евро-атлантската иднина на Македонија е меѓу приоритетите на новата влада.

- Advertisements -

– Посветени сме на квалитетни кадровски решенија во сите ресори на новата влада, кои ќе работат демократски и посветено на квалитетот на живот за сите граѓани. Државата брзо ќе биде подготвена да продолжи напред, рече Заев.

Тема на разговорот бил и демократскиот и општествен развој на Република Македонија и потребата од градење на Македонија во правна држава.

– Граѓаните сакаат да живеат и работат заедно, имаат заеднички проблеми и подготвени се заеднички да ги решаваат. Тоа го покажа поддршката на граѓаните на изборите, на концептот едно општество за сите, што сега е столб и на владината програма и ние така ќе ја развиваме Република Македонија,  изјави Заев, се наведува во соопштението на СДСМ по средбата со Винтон.

Поврзани новости