Заев: Има за што да се обединиме, да кажеме „да“ за нашата иднина

by fokus

Премиерот Зоран Заев по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг повика да се гласа позитивно на референдумот.

-Република Македонија изгради мостови за решавање спорови со соседните земји. Договорот со Грција го откочи процесот за конечно да станеме дел од НАТО. Чекор по чекор, за само една година нашата земја го постигна она што никој не можеше да го предвиди. Силната волја за решавање спорови ни донесе многу среќни вести. Сега имаме за што да се обединиме. Да кажеме „да“ за нашата иднина, рече Заев.

Тој истакна дека Република Македонија од 2008 година активно учествува во мисиите на северноатланскиот сојуз.

-Тука сме меѓу наши пријатели со кој за десетина дена очекуваме да испишеме нови страници, очекуваме да станеме триесета членка на НАТО. Припадниците на АРМ добиваат доверба да бидат дел во сериозни мисии. Со учеството, растеа капацитетите на армијата. Македонија учествуваше во следење и подигање на стандардите на алијансата, додаде премиерот Заев.

Поврзани новости