Заев има рок до 9 јуни да му се јави на Ципрас?

by fokus

Македонската Влада треба да даде согласност на текстот на договорот до 9 јуни. Ова е барањето што му било пренесено на премиерот Зоран Заев од страна на САД, дознава порталот „МКД.мк“ неофицијално од дипломатски извори.

Според последните изјави на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, се чека уште телефонски повик од Скопје.

Според изјавата на Заев остануваат да се усогласат некои технички аспекти од договорот, а според дел од медиумите работата закочила во делот на роковите за примена на одредбите на договорот и во делот со именување на јазикот.

Поврзани новости