Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил го изрази задоволството на одлуката на ЕУ за старт на преговорите со Македонија.
Почитувани граѓани, иако е тешко време, има на што да сме горди. Бидете горди, ова е ваш успех, успех на секој…
Publiée par Zoran Zaev sur Mercredi 25 mars 2020
„Почитувани граѓани, иако е тешко време, има на што да сме горди. Бидете горди, ова е ваш успех, успех на секој македонски граѓанин со минимум демократска определба во себе.
По влезот во НАТО, ја реализираме и втората стратешка цел – почеток на преговорите со ЕУ, цел поставена уште на денот на независноста – 8 септември 1991 година.
Успеавме за само 2,5 години со мудри, државнички политики да станеме земја за пример. Иднината на земјата е обезбедена. Нема враќање назад, продолжуваме само напред“, рече Заев.