407
Македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во 12 часот телефонски ќе разговараат за последните случувања во односите меѓу Белград и Скопје и повлекувањето на целиот персонал од Амбасадата на Србија во Македонија, пренесуваат српските медиуми.
Шефот на дипломатијата на Србија Ивица Дачиќ вчера најави дека и тој телефонски ќе разговара со македонскиот колега Никола Димитров, а планирана е и средба на српската премиерка Ана Бернабиќ со претседателот на Владата на Македонија, Заев, на средбата на премиерите на земјите од Западен Балкан во сабота во Драч.