Ист таков систем како што има во ОЈО, бил поставен и во новата зграда на Основен суд Скопје 1, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.
Тој се надева дека истрагата ќе ги даде одговорите кој и зошто ги набавил, кој го користел, како и оти ќе има одговорност за тоа.
– Јас сум информиран во моментот кога министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е информиран за истрага, која е отпочната пролетта. Тоа точно ќе го каже јавниот обвинител кој ја водел истрагата. Се работи за систем поставен во централата за внатрешната комуникација во Јавното обвинителство. Знам дека истоветен систем е поставен и во новата зграда на Основен суд Скопје 1 и веројатно ќе кажат и каде се на друго место. Уште во далечната 2016 година, некаде тоа е користено, некаде не, истрагата ќе покаже кој тоа го користел, кој како го злоупотребил. Јас верувам дека веќе ги имаат сите наоди, рече Заев. одговарајќи на новинарско прашање за последните објави на Јавното обвинителство дека кај нив се пронадени хард дискови со прислушкувани разговори.