Заев и Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир

by fokus

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Номинирањето на Заев и Ципрас утре во Скопје ќе го објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

Церемонијата за номинација за Нобеловата награда за мир 2019 ќе се одржи на Универзитет ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор.

– Договорот од Преспа, во кој потписниците и медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. И Генералниот секретар на ОН, Гутереш, деновиве повторно го истакна тој Договор како пример кој може да биде модел за решавање на проблемите во светот, вели Бушамауи.

Поврзани новости