539
Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот на Република Македонија Зоран Заев, кои денеска остваријa телефонски разговор, соопшти вечерва кабинетот на бугарскиот претседател.
Радев и Заев, како што е наведено во соопштението, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете земји, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Република Македонија, како и за нејзината европска перспектива, јави дописникот на МИА од Софија.