Премиерот Зоран Заев, по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјата.
„Владата, заедно со сите граѓани посветено го гради и унапредува концептот за развој на едно, еднакво и праведно општество и интеркултурен дијалог, како заедничко богатство, со здружена определба за почитување, толеранција и унапредување на етничките и културните разноликости“ истакнува Заев во честитката.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во неговата честитка истакна бошњачкиот етникум е нераскинлив дел од мултикултурното општество.
„Република Северна Македонија, како наш заеднички дом, заслужува да биде развиена и модерна европска држава, заедница на среќни граѓани. Затоа, да продолжиме посветено да градиме општество еднакво за сите и заедно да работиме за подобра и посветла иднина“, вели Пендаровски.