Заев и Мицкоски не се договорија за избори, но ќе ја продолжат комуникацијата

by Фокус

Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски не резултираше со договор за датум на одржување на изборите, но партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски се договориле да ја продолжат комуникација во обид за постигнување на договор во следните денови.

-Не успеавме да постигнеме договор, оставивме можност во текот на утрешниот ден доколку треба да се слушнеме и нема да дадеме дополнителни коментари – изјави Заев.

Од кабинетот на Пендаровски, пак, соопштија дека на средбата се разговарало за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.

„На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори. Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе“, стои во соопштението.

И Мицкоски во куса изјава рече дека до овој момент се уште нема договор.

Поврзани новости