546
Лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, попладнево во 18:30 часот ќе имаат средба со претседателот Стево Пендаровски, соопштија од претседателскиот кабинет.
Тој прво соопшти дека нема да прогласи нова вонредна состојба и рече дека Заев и Мицкоски уште денеска треба да седнат на заедничка маса за да најдат излез од ситуацијата која, според претседателот, може да прерасне во политичка, а потоа и во безбедносна доколку нема договор за инклузивен изборен процес.