Заев и Мицкоски со пораки за сочувство:Голема е загубата на Зоран Џорлев

by Fokus

Виолинистот Зоран Џорлев денеска почина на 53-годишна возраст како последица од опасниот корона вирус, што предизвика шок кај македонската јавност.

Лидерот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев, односно Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи упатија пораки за сочувство за смртта на познатиот виолинист.

„Неговите виртуозни изведби и обработки на македонски народни, филмски и џез композиции ќе останат како огромно непроценливо богатство на народната ризница. Од мое лично име и од име на Владата изразувам искрено и длабоко сочувство. Нека е вечен споменот“, напиша Заев на својот профил.

Од друга страна, првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека големите никогаш не умираат.

„Човек со големо срце и добрина. Маестро големите никогаш не умираат. Слава ти“, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости