Заев: И Маневски не сакал да ја потпише амнестијата за Хашките случаи

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во моментот од седиштето на партијата ја објавува 18-та бомба, која според него сведочи за пазарот на ВМРО-ДПМНЕ, кој го направил со нивниот партнер ДУИ за Хашките случаи. Премиерот Никола Груевски, тврдеше дека Хашките случаи се судски случај, негирајќи дека не учествувал во никаков пазар. Но, Заев објави телефонски разговори помеѓу претставници на власта, кои според него го тврдат спротивното.

Во еден од снимените разговори се слуша разговор меѓе министерката Гордана Јанкулоска и Биљана Бришковска од Министерството за правда со која договараат како да се состави текстот за амнестија на Хашките случаи, за да наидат на што помала критика од јавноста. Бришковска ја потсетува министерката дека Комитетот за туртура ја исклучува амнестијата кај овие случаи, што значи дека мора да се завршат во домашните судови, поради што се ставени во ситуација кога не можат да го напишат мислењето. Министерката Јанкулоска, пак, ја советува мислењето да го напишат неразбирливо, но и потенцира дека тогашниот министер за правда, Михајло Маневски, не сака да го потпише мислењето. Министерката во разговорот додава и дека два дена не спиела од мака, но истакнува дека работата морала да се заврши, а одговорноста ќе ја превземе Собранието, каде што на крајот се изгласа амнестијата.

 

Поврзани новости