Заев и Касами купуваат време, пратениците чекаат седница

by fokus

Веќе еден час пратениците чекаат да почне седницата за уставните измени која беше закажана за денеска во 12.00 часот.

Од Собранието нема официјално информација зошто седницата не почнува на време, но неофицијално оттаму дознаваме дека е презакажана за во 15.00 часот.

Од владејачкото мнозинство велат дека почетокот дефинитивно ќе биде пролонгиран. Причината е во тоа што им се дава повеќе време на премиерот Зоран Заев и лидерот на едно од крилата на БЕСА, Биљал Касами, да се усогласат околу амандманите.

На Заев му требаат пратениците на Касами за да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство. Наводно Заев разговара и засебно со двајцата пратеници на Касами за да ги придобие.

Според непотврдени информации, еден од двајцата пратеници на Касами веќе прифатил да ги поддржи амандманите без условите што ги постави нивниот лидер.

Поврзани новости