510
Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче вчера во рамки на конференцијата на Економист во Атина се сретнале со поранешниот државен секретар на САД. Мајк Помпео.
-Помпео е голем поддржувач на Северна Македонија и на македонскиот народ кој во клучниот период пред нашето зачленување во НАТО даде голем придонес за успешно заокружување на овој наш стратешки и безбедносен приоритет.
Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години. Соработката со развиените безбедносни системи на земји како САД и Израел се од огромно значење и за НАТО алијансата и за Северна Македонија, напиша Заев споделувајќи заедничка фотографија со Филипче и Помпео.