437
На синоќешната трибина на СДСМ во Струмица, присуствуваше и поранешниот партиски лидер и премиер Зоран Заев, кој во друштво на поранешниот министер за здравство Венко Филипче го проследи настанот од трибините на салата.
Прво, Заев беше најавен како креатор на концептот „едно општество за сите“, а потоа за него се осврна и неговиот наследник – актуелниот премиер Димитар Ковачевски.
-Ние сме континуитет на Зоран Заев, на храбрите одлуки со кои станавме членка на НАТО, решивме децениски спорови и изградивме едно општество кое чекори напред – рече Ковачевски пред присутните.