Заев и Филипче летаа со хеликоптер до Прилеп, опозицијата ги критикува

by fokus

Премиерот Зоран Заев и неколку министри меѓу кои и Венко Филипче денеска од Скопје до Прилеп летаа со хеликоптер на означување почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка и увид во завршени градежни работи на модуларната болница.

Од Владата се правдаат дека причината за тоа била да се заштеди време.

-Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини обврски. Денешните летови се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата, велат од Владата.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат власта дека додека луѓе умираат, тие се возат со хеликоптери и трошат народни пари.

-Денеска Заев заедно со Венко Филипче леташе од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка. Ова е невиден скандал и срам. Едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали. Но, Заев и Филипче наместо за борба против КОВИД19  пари трошат за летање со хеликоптер за одење за Прилеп,  изјави Петар Ристески од ВМРО- ДПМНЕ.

Поврзани новости