Ти денес го направи наголемиот, најхуманиот и највозвишениот потег што може некој да го направи, потег кој ја воскреснува надежта за подобро утре на нашата татковина. Ова го напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на неговиот фејсбук профил за полицаецот кој денеска премина од спротивната страна на барикадите и им се придружи на демонстрантите пред владата.
„Убеден сум дека твојот пример ќе го следат многумина и од полицијата и од администрацијата, затоа што голем е бројот на оние кои со чиста душа си ја сакаат Македонија и кои со своја глава размислуваат за својата иднина и иднината на нивните деца. Изброени се деновите на оваа режимската власт. Токму затоа, немаш причина да стравуваш за твојата иднина. Ти веројатно добро знаеш кои се и какви се оние од врвот на МВР, оние на кои си им служел. Без разлика дали ќе бидеш казнет, суспендиран или отпуштен од работа, биди сигурен дека твоето заслужено место повторно ќе те чека, но во полиција која ќе го брани народот, а не во полиција која се крева против народот“, напиша Заев.