Заев и Борисов се убедени во решение на спорот

by Фокус

Премиерите на Бугарија и на Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев се убедени дека во следните денови ќе се најде решение за споровите меѓу двете земји, вели претседателот на Комитетот за надворешна политика во бугарскиот Парламент, Пламен Манушев.

-Процесот е исклучително интензивен и се надевам дека овие работи ќе се случат во наредните денови. Премиерот Зоран Заев и нашиот премиер се убедени дека ќе се најде такво решение. Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева го искажа ставот на Бугарија пред нивниот министер за надворешни работи. Цврсто се надевам дека ќе најдеме решение за овој спор и ќе го започнеме процесот – рече Манушев, јави БГНЕС.

Поврзани новости