Заев и Борисов на 2-ри Август ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев

by fokus

„По повод Денот на Републиката – 2 Август, Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата на Република Македонија, во координација со Собранието и со Претседателот на државата, организира голем број свечености, чествувања и обраќања“, соопшти денеска владината прес-служба.

Како што стои во соопштението, настаните по повод 114 годишнината од Илинденското востание и по повод 73 годишнината од првото заседание на АСНОМ, ќе почнат на 2 авуст, во 8 часот, во црквата Свети Спас во Скопје каде што пред присутните гости ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев. Програмата потоа продолжува со заедничко чествување и со полагање венци цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во дворот на црквата Свети Спас, од страна на премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.

„На Народниот собир пред присутните гости ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Поврзани новости