Има доволно пари, пред се за здравството, граѓаните треба да бидат спокојни за тоа, рече премиерот Зоран Заев вечерва во дебатна емисија на МРТ за тоа дали буџетот за идната година ќе одговори на кризата. Заев истакна дека скроен е буџет за да одговори на предизвиците, здравствениот и економскиот аспект од КОВИД-кризата, но истовремено таа да се искористи и како можност за рестарт на економијата.
-Бизнисот, економијата работниците, синдикатите треба да бидат сигирни во својата земја дека е подготвена да им се најде на граѓаните, да ги помага компаниите, да ги зачуваат работните места, да вбризга пари секогаш на најсиромашните и најранливите заради тоа што семејнте буџети се погодени на сите, но најмногу патат најсироманшните. Солидарност мора да има во буџетот и најголемата ставка се 90 милијарди за социјални трансфери, што е моногу логично, а веднаш потоа се економските ставки со 70 милијарди – рече Заев.
Министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека има неколку ургентни цели – здавството, потоа да се одржи економијата, а, како што рече, важни приоритети се и евроинтеграциите, владеење на правото, инвестиција во човечки ресурси…