Заев и Адеми ќе ги разгледаат жалбите за финансирањето проекти од областа на културата

by fokus

Премиерот Зоран Заев најави дека на денешната средба со министерот за култура Асаф Адеми ќе бидат разгледани жалбите за Годишниот конкурс за финансирање на проектите од областа на културата за 2019 година.

-Поништувањето и разгледувањето на сите незадоволни од конкурсот е нешто што го потврдивме и јас и министерот. Министерот имаше одредени здравствени проблеми, но сега е вратен. Денеска имам состанок со него за да ги разгледаме сите правно-формални аспекти за да можеме на  јавноста да и ги соопштиме следните чекори. Треба да видиме дали постои одговорност и како е направена поделбата на проектите. Тоа ќе го направиме на транспарентен начин, рече Заев во одговор на прашање по презентацијата на  Научно-технолошкиот парк во Скопје.

Поврзани новости