Заев: Груевски, ти си минато

by fokus

Премиерот Зоран Заев му се обрати на поранешниот премиер Никола Груевски кој беше претпоследен говорник на денешната седница за интерпелација и му порача дека тој е минато.

-Никола Груевски, ти си минато, Македонија чекори напред, Македонија расчисти со тебе, ти си дел од темното минато. Затекнавме општа катастрофална состојба, ограбена држава. Наследивме тотален колапс, блокирани институции. Се соочуваме со коруптивни договори, кои не можат да бидат прекинати поради тоа што ќе нанесат штета врз буџетот. За да се создадат услови за темелна промена, неопходна е вклученост на сите политички фактори. Системот мора да се регенрира во самите институции. Тоа мора да сами да го направиме. Низ тешките премрежија се создаде парламентарно мнозинство кое вети дека донесе реформи. Без исклучок, чекориме кон тоа да ги оствариме стратешките интереси на граѓаните и државата, тоа е ЕУ и НАТО. Оваа можност беше прифатена од опозицијата, рече Заев.

За интерпелацијата гласаа 40 пратеници, со што на Владата на Заев не и беше изгласана недоверба.

Поврзани новости