Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера пред стружани рече дека манипулациите коишто Груевски ги креира преку провладините медиуми го потврдува стравот дека е фатен жив во незаконски постапки за кои се одговара согласно законите.
– Го гледаме Никола Груевски како манипулира, како подметнува, затоа што е фатен жив. Преку Министерството за внатрешни работи се правеле лажни лични карти, илјадници на број, фиктивни лични карти. Ги издавале само за некој да гласа на избори. По закон, се одговора со затвор за оваа работа. Фатен е жив Груевски и од ова бегање нема. Груевски вели ќе има нова влада на 15-ти јануари. Да, ќе има нова влада и ќе има нов премиер ама Груевски веќе никогаш повеќе нема да биде премиер, заминува. Промените доаѓаат во Македонија, слободата, демократијата, правдата, европските вредности повторно ќе се вратат и никој не може тоа да го спречи – рече Заев.