Заев: Груевски има придонес во договорот со Бугарија

by fokus

Зад овој договор не стои само оваа Влада, туку придонес има и претходната на чело со премиерот Никола Груевски, рече премиерот Зоран Заев по денешното потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Тој ги повика партиите да дадат поддршка и на тој начин рече, успехот ќе биде заеднички.

„Да застанеме заедно во перспективите кој овој договор ги нуди. На Македонија и треба национално единство за прашања што се од интерес на граѓаните.“, рече Заев.

Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, пак рече дека договорот бил предмет на критики и во соседната земја.

„Критичари секогаш ќе има, критики имаше и во Бугарија. Многу од моите противници прашуваа зошто е ова потребно, некои велат дека требаше да бидеме поцврсти, бидејќи од нас зависеше“, одговори тој на новинарско прашање за негативните реакции во Македонија.

 

Поврзани новости