478
На денешната прес-конференција, на која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја објави 14-та бомба, истакна и дека премиерот Никола Груевски му правел притисок на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да потпише незаконска одлука за промена на фасадите на ЕВН и Сити галери, во барок.
„Од разговорот меѓу Груевски и Јанакиески ќе видите на какви мака е ставен министерот од страна на премиерот, кој го убедува да постапи незаконски“, истакна Заев.
Во разговорот, пак, цело време премиерот Груевски му вели на министерот дека нема да одговара, зошто требало да издаде само мислење за техничка грешка, а ќе одговарал оној што ќе потпишел и ќе го прифател мислењето.