Заев: Груевски да си дојде дома, од тука да коментира ако има што да каже

by Fokus

Би било поцелисходно Никола Груевски да си дојде дома и да продискутираме ако има што да каже, вака денеска премиерот Зоран Заев ја прокоментира фејсбук-објавата на неговиот претходник од Будимпешта.

Заев нагласи дека Груевски има право да коментира како што мисли, но ако сака вистински да помогне, многу поцелисходно би било тоа да го прави од тука.

-Груевски да си дојде дома, да продискутираме ако има што да каже. Се што почнала минатата Влада и што е добро, ние го продолживме. Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може екс-премиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата, подвлече Заев.

Поврзани новости