Пратеникот Артан Груби веројатно не знаел дека целиот Закон за јазици е испратен во Венецијанската комисија затоа што не е член на Владата, вели премиерот Зоран Заев.
-Владата има записник и дебата. Ние сите мора да бидеме искрени во нашите намери кога работиме за оваа држава затоа и правиме храбри чекори во делот на овозможување на одредени права на нашите граѓани. Затоа и се доставени двата члена, но и целиот Закон, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Пробиштип.
Премиерот најави дека деновиве ќе се формираат и работните групи на кои како што рече, заедно коалициски да може да го утврдат начинот како да се имплементираат препораките од Венецијанската комисија.
Тој смета дека коментирањето од сите страни по ова прашање за Законот за јазици е заради тоа што доаѓаат избори, но, како што рече, без разлика на тоа законските решенија некогаш и живот значат за граѓаните.