Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната посета во Валандово ја проморвираше мерката за враќање на ДДВ-то.
-Една од најважните мерки којашто веднаш после 11 декември ќе биде донесена од страна на Собранието и имплементирана од страна на Владата, ќе биде враќање на 15 проценти од данокот на додадена вредност. Сите ние граѓани плаќаме секој ден за се што значи наш живот. Секаде го плаќаме данокот на додадена вредност. Ако потрошите илјада денари, имате 180 денари ддв внатре. Ние предлагаме 15 проценти од тоа ддв што го има на секоја сметка, за вода, за храна, за облека, за струја, за се што плаќаме, 15 проценти да се врати назад кон граѓаните – рече Заев.
Тој верува дека оваа мерка ќе обезбеди годишно 30 илјади денари, што би било уште една плата повеќе во секое семејство.