Заев го примил лажниот принц од Црна Гора, ама неофицијално

by fokus

Премиерот Зоран Заев го примил Стефан Чернетиќ, човек кој лажно се претставува како принц на Црна Гора и Македонија. Заев добил и орден од наводниот принц.

-Кралското семејство од Црна Гора и Македонија, принцот Стефан, принцезата Карола и синот принц Константин имаа чест да бидат официјално пречекани во владината палата во Скопје, Република Македонија од страна на премиерот Зоран Заев, пишува на својот Фејсбук профил самопрогласениот принц.

Од владата потврдија дека Заев навистина се сретнал со Чернетиќ, но дека средбата била од неофицијален каракер. Во рамки на неговите средби и контакти со заинтересирани граѓани.

Во јуни минатата година италијанската полиција го уапси Чернетиќ за лажно претставување и фалсификат, а тој доби и посебни пријави за неговото возило, црн мерцедес кој секогаш бил накитен со знаменца на Црна Гора и лажни налепници на дипломатскиот кор.

Поврзани новости