Заев го повика народот да не подлегнува на провокации

by fokus

Откако граѓаните кои протестираа, упаднаа во Собранието, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го повика министерот за внатрешни работи да ги заштити сите граѓани.

-Министерот да ги презеде сите процедурални средства за да ги заштити сите. Го повикувам народот да не подлегнува на провокации, апелираше Заев.

Новинарите и пратениците од СДСМ и ДУИ се затворени во прес центарот, додека граѓаните кои влегоа во Собранието се во салата за седници.

В.С.

Поврзани новости