452
Владата на Република Македонија го осудува терористичкиот напад во Барселона и изразува жалење до семејствата на жртвите од овој нечовечки акт на насилство, како и до државите од кои доаѓаат.
„Длабоко и искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од синоќешниот терористички напад во Барселона. Нашата порака до Шпанија и цела Европа е дека во овој момент кога тагуваме за жртвите, осудата на омразата и насилството мора да биде одлучна и силна. Истовремено мораме да ги зајакнеме заложбите кои промовираат единство и слобода, наспроти поделбите и дискриминацијата”, порачува претседателот на Владата, Зоран Заев.