Заев: Ги разбирам реакциите на социјалните мрежи и јас имам дедовци и баби кои учествувале во НОБ

by fokus

Целосно го разбирам поривот на чувства кој се истури на социјалните мрежи, но истите тие сограѓани споделуваат иста историја како мојата, рече премиерот Зоран Заев за реакциите на социјалните мрежи по интервјуто.

– Антифашистичката борба е дел и од моето семејство, дел од градот во кој живеам, но тоа е историско минато и не треба да не ограничува во трасирањето на патот кон нашата европска иднина. И секако имајќи разбирање за чувствата на граѓаните споделувајќи за своите дедовци и баби.  И јас имам дедовци и баби кои беа учесници во Народно ослободителната војна, имам учесници во многу војни наназад од моето семејство, но истовремено и нашата должност и како нација и како граѓани, а особено моја, како претседател на извршаната власт е да ги правам исчекорите низ призмата на европската иднина, рече Заев.

Факт е, рече тој, дека во 1944 година партизански одреди од тогашната комунистичка партија на Бугарија се приклучиле на ослободителните антифашистички одреди и заедно со Советската армија го ослободуваат балканскиот простор од фашизмот.

Прашан кој го извршил масакрот кај Ваташа, Заев рече фашистичкиот окупатор.

– Како што имавме фашистички изблици дури и на наши сограѓани со предавства на македонски револуционери, македонски партизани и на македонски херои. Фашизмот нема етничка боја, фашизмот е определба во тоа време, кој жалам што останал уште малку некаде во европскиот континет и во светот, но дефинитвно е зло кое сите сакаме да не се повтори, рече Заев во одговорот.

Поврзани новости