Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во вечерашното интервју за телвизија Канал 5, ги повика заедно на дуел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов, за граѓаните да оценат кој е во право.
Тој изјави и дека пратеникот Талат Џафери е еден од посериозните кандидати за претседател на Собранието.
-Ставот е јасен, тоа е државен удар да се спречи формирање на влада, но сакаме по мирен пат да ги движиме работите. Постои ветување на албанските партии преточено во декларација за појдовни точки за преговори за влада. Тоа беше поставено пред Груевски, а сега и со СДСМ. Ние објавивме програма на Влада и веќе нема партиски програми и декларации. Како би било јас да кажам дека Груевски е во Тиранска влада, нема да биде чесно. Затоа го повикувам на дуел заедно со Иванов за да ги разјасниме овие работи пред народот, рече Заев.