Заев ги потврди предлог министрите, намален бројот на членови на Владата

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва по состанокот на Централниот одбор и официјално ги објави предлог министерите од СДСМ:

Јагода Шахпанска – министерка за труд и социјална политика

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Ирена Стефоска – министерка за култура

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Оливер Спаовски – министер за внатрешни работи

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Венко Филипче – министер за здравство

Никола Димитров – Вицепремиер за евроинтеграции

Фатмир Битиќи – Вицепремиер за економски прашања

Бојан Маричиќ – Министер за правда

Љупчо Николовски – Вицепремиер за борба против корупција

За разлика од претходната влада, новата ќе има седум министери помалку. Бројот на министри ќе биде 19, наместо досегашните 26.

Поврзани новости