384
Премиерот Зоран Заев во вечерашното госутување на МРТ рече дека условите за датум за преговори се исполнети и сега ЕУ треба да возврати со тоа што го вети.
-Нема земја што има замерка на исполнувањето на условите за датум на преговори. Реформите се завршени како таргет до почеток на преговори тие продолжуваат низ поглавјата и преговорите, преспанскиот договор, договор со Бугарија, инегрираното општество. Постигнавме и консензус заедно со опозицијата, за заеднички придобивки што на крајот треба Европската унија да возврати со тоа што го вети, после 15 години конечно датум за преговори, рече Заев.