581
Во вечерашното гостување на порталот Нова тв, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, каде одговара на прашања на публиката преку Твитер и Фејсбук откри дека двајца сведоци кои ја знаат вистината за прислушувањето се веќе преселени во странство. Тие се по се изгледа заштитените сведоци за кои Заев бара создавање безбедносни услови во Македонија за да можат да се појават. На оваа тема детали објавува неделникот Фокус во денешниот број.
Истото што го направил за двајцата сведоци, Заев призна дека сакал и за други, како што е Зоран Верушевски, за да не го трпи тоа што сега му се случува како одмазда на власта.