Заев: Два бардаци за вода да им дадеш, ќе ги украдат и ќе избегаат во Будимпешта!

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната трибина „На прав пат“ се осврна и на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Второто правило е никогаш повеќе, рече Заев.

-Кога беа на власт никој не знаеше каква е нашата иднина, не знаеја и тие. Се грижеа само за прислушување и лично богатење. Ние ја вративме Македонија на мапата во Светот. Тие најбогата партија во Светот. Изолирани и скарани со сите. По два бардаци вода да им дадеш, двата ќе ги украдат и ќе избегаат во Будимпешта, рече Заев.

Тој обраќајќи се од салата Борис Трајковски, рече дека и поранешниот претседател Трајковски би бил разочаран од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе беше разочаран од своето ВМРО-ДПМНЕ. Од стотината споменици кои ги истурија во центарот, не се најде ниту еден од него. Ќосето заслужил, Трајковски не заслужил. Но во нашата Струмица се издигна негов споменик, рече Заев.

 

Поврзани новости