Секој има право да избере дали ќе се вакцинира или не, но државата мора да води грижа за колективното здравје, изјави денеска премиерот Зоран Заев, во однос на новите рестрикции што ќе почнат да се применуват од утре.
-Ако јас одлучам да не ја примам вакцината и сепак влегувам во простор кој што е повеќе од 30 луѓе ги ризикувам сите останати 29 луѓе да бидат заразени од мене. Грижата на државата е во колективното здравје. Апелирам да се вакцинираме затоа што тоа е единствениот начин засега да ја победиме пандемијата и да се вратиме на нормалниот живот. Вакцините сите се здрави и се потврдени секаде низ светот. Америка веќе почна со давање на третата доза на тие со намален имунитет – изјави Заев при увидот на активностите за реконструкцијата на патниот правец Кривогаштани-Житоше.
Воедно, премиерот истакна дека државата има доволна количина на вакцини.