935
Демократската партија на Албанците (ДПА) е под контрола на Сашо Мијалков, изјави вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат“.
Според Заев не постои вистинска опозиција во албанскиот блок и тој смета дека најголемата албанска партија која не е во власта, ДПА е под директна контрола на директорот на УБК и братучед на премиерот Никола Груевски.
Лидерот на СДСМ потсети дека јавноста оваа неофицијална коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ја нарекла „Сушико“-коалиција поради средбата меѓу Мијалков и првиот човек на ДПА, Мендух Тачи во јапонскиот ресторан во скопско Дебар Маало.
На прашањето кога очекува нови избори, Заев одговори дека според него повторно би оделе на гласање идната, 2015 година.