Заев: Дончев сакаше да си оди уште во март, но го замолив да остане до избори

by Фокус

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека Ден Дончев уште во март сакал да ја напушти директорската позиција во Фондот за здравство поради, како што рече, здравствени проблеми со детето.

-Преку глава му е од сомневања и обвинувања, но пресудни беа приватните причини. Сакаше да си оди уште во март, но јас го замолив да остане до избори – изјави Заев во вечерашното интервју на 24 ТВ.

Владата денеска ја потврди оставката на Дончев, кој изјави дека се повлекува од семејни причини.

Поврзани новости