Премиерот Зоран Заев, на својата посета на Бугарија, изјави дека Специјалното јавно обвинителство има кус рок да ги отвори сите истраги од материјалите што тој ги доставил, но додаде дека доказите нема да исчезнат и ќе бидат преземени од други надлежни органи.
„Доказите постојат и тие се таму и не можат да исчезнат. И да не се продолжи рокот, овие докази постојат и верувам дека друго обвинителство или друг надлежен орган ќе ги преземе и ќе утврди дали постојат и материјални докази за да има обвинителни акти или се само индиции кои што ќе завршат намери кои никогаш не направиле кривично дело или злоупотреба на закон“, ја пренесе изјавата на Заев државна агенција МИА.
За материјалите што ги предаде СДСМ, рокот на СЈО да поднесе обвиненија истекува на 30 јуни.