Македонскиот премиер Зоран Заев, за време на учеството на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се сретна со премиерот на Малта Џозеф Мускат, кој, како што соопштија од владата, изразил силна поддршка од Малта за Северна Македонија да добие датум старт на преговорите со Европската унија во октомври.
-Премиерот Заев разговараше со неговиот колега од Малта за позитивниот моментум за почеток на пристапните преговори на ЕУ со нашата земја, имајќи ги предвид оптимистичките заклучоци на Советот во 2018 и 2019 година, како и резултатите што ги испорача Северна Македонија на планот на домашните реформи и на постигнување на стандардите за членство во ЕУ“, соопшти владината прес-служба.
Оттаму дополнуваат дека двете страни позитивни ја оцениле засилената политичка комуникација меѓу двете земји по воспоставувањето на дипломатските односи на највисоко ниво и притоа се согласиле дека треба да се зајакнат економските односи.