Заев: Доаѓа нешто вкусно и крцкаво

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, по вчерашната средба на претставниците од КФЦ порача дека во Македонија „доаѓа нешто вкусно и крцкаво“. Сопствениците на лиценцата за брза храна на премиерот му донеле и кофичка со познатото пилешко.

„Ајде ќе се дебелееме“, „Дојде животот“, „Еден е Заев“ се коментарите на социјалните мрежи под објавата на Заев за најавената инвестиција.

Инвестицијата е во вредност од 10 милиони евра, а КФЦ има план во земјава да отвори до 20 ресторани со преку 400 нови вработувања.

Првите два ресторани на американскиот бред ќе бидат отворени во Скопје и Тетово на 14-ти септември.

Компанијата КФЦ, со седиште во Кентаки, САД е основана во  1991 година и со повеќе од 23.000  ресторани во над 120 држави е втор најголем ресторан за брза храна во светот. КФЦ е лидер во подготовка и послужување на пилешко месо подготвено на специфични начини.

Поврзани новости