Заев до опозицијата: Дајте малку сериозност, попис ќе има

by fokus

Првата седница на Парлемантот е на 14 септември, а пописот почнува на 5-ти. Апелирам да бидеме сериозни. Дваесет години немаме попис. Попис има, мора и ќе има. По 20 години што сме? Држава, нација? Мора да има попис, рече денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги предлозите на опозицијата за електронско попишување, што се пласираат десетина дена пред стартот на статистичката операција.

-Дајте малку сериозност. Дваесет години немаме попис. Сега се е подготвено за спроведување на пописот и попис ќе има, како што е предвидено. Пописот ќе почне на 5 септември, а ќе заврши на 30 септември и потоа сите ќе си продолжиме со животите, побогати за многу податоци што се значајни за државата, демографијата, економијата, рече Заев.

Поврзани новости