Заев до младите: Сакате да бидеме дел од западниот демократски свет, тоа и го правиме

by fokus

Младите сакаат да бидат дел од демократскиот западен свет, тоа и го правиме преку мерките и политиките што ги спроведуваме, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на денешната трибина „Иднината на Европа“ во организација на СДММ.

„Од кога СДСМ ја доби честа да ја води државата многу се промени во нашата држава. Сите знаат дека она што го правиме е за сите граѓани, но најамногу за младите. Политиките што ги водиме не се за во моментот да се добијат симпатиите на младите туку тоа се релни и препознаени во функција за отворање на перспективите на оваа земја, а пред се на младите. Целиот свет признава, целиот свет со убави зборови се обраќаат кон нас.

Во глобалниот свет на мобилност на младите, на услугите, на капиталот, нашата борба е да создадеме компетитивно општество. Знаеме дека само на тој начин ќе биде примамливо за младите да останат овде. Вие младите сте со јасна цел, сакаат да бидеме дел од западниот демократскиот свет, каде слободите блескаат. Тоа и го правиме, за младите да бидат генератор на развојот на својата татковина“, порача Заев.

Тој кажа дека на две години од мандатот се вработени 54.000 луѓе, од кои 54 отсто се млади.

„За прв пат носиме Закон за млади кој е веќе во процедура. Никогаш е не доцна да направите се за младите и ние то го покажуваме. Денес, преку сите мерки што ги преземавме во период додека се движеа крупни процеси и се интегрираме во ЕУ и НАТО и во такви околоности економските политики даваат сериозен резултат. На пресекот од две години од мандатот имаме нови 54.000 вработени, а од нив 54 отсто се млади. Сите политики за поддршка на вработување дадоа резултати. Иако не сме членка воведовме Гаранција за млади преку кои младите полесно се вработуваат, или добиваат доедукација. Ете тоа е прав пат“, порача Заев.

Поврзани новости