Откако претничката Рашела Мизрахи од говорницата на премиерот Зоран Заев му покажуваше фотографии од нејзиното семејство кое било депортирано во Треблинка од страна на бугарскиот фашистички окупатор, тој и одговори дека целта на овој нејзин настап е исполнување личен интерес, односно политички интерес за доаѓање на власт.
-Со должна почит зборувавте за семејство, со чувства. Јас сум патриот исто како и вие. Јас зборувам македонски јазик и сум Македонец. Се гордеам што се обратив на македонскиот јазик во Европскиот парламент. Покажувајќи слики со моите македонските херои, со моите сограѓани кои за време на фашистичкиот окупатор биле убиени, се трудите да ме повредите. Но, преку вашите зборови исполнувате личен интерес. Вие немате злоба, бидејќи зборувате за ваше семејство.
Никогаш не сум кажал дека Бугарија била администрација на Македонија. Администацијата или тогашната власт се приклучила на Третиот рајх. Но, не можете цела Бугарија да ја правите фашистичка. Можам да бидам десет пати по квази патриот од вас и да се чукам во гради со избрани зборови, ама мојот народ ќе остане во сивило. Затоа зборувам со европски зборови. Како ќе се поставиме тоа зависи од нас. Таа е разликата во политиката. Фашизмот е карактерсика на поединецот, не може цели нации да ги обоите како фашисти. Тоа не е ниту македонски, ниту европски. Бугарија не била администарот, туку била окупатор на Македонија, со одлука на тогашната бугарска власт, односно бугарската админтрација.
Секако дека фашисти ги убиле нашите сограѓани. Фашист ги убил, но не можете да кажете дека цела нација е фашистичка. Зошто не прашувате каде била Германија кога ова се случувало? Фашист убивал, не нација.
Целта на крај е да го исполните вашиот личен интерес, односно политички. Да дојдете на власт, а со тоа и да дојдете до пари. Тоа го покажува вашиот тон, оваа драматичност, одговори Заев.