Заев до Мицкоски: Како директор на ЕЛЕМ еднаш склучувате договор за 1.600.000, а еднаш за осум милиони за иста услуга

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во ТВ дуелот со Христијан Мицкоски покажа два договори потпишани од Мицкоски како директор на ЕЛЕМ, за кои рече дека се за иста услуга, а првиот со вредност од 1.600.000, а вториот со вредност од осум милиони.

-Додека бевте директор на ЕЛЕМ ги крадевте граѓаните. Знаете како? Еве два договора. Еднаш потпишувавте договор за 1.600.000 за иста услуга, а потоа потпишувате договор за осум милиони. И тоа со вашиот пријател Панче Тошев со кого доаѓавте и на преговори, рече Заев.

Мицкоски не ги коментираше овие два договори.

 

Поврзани новости